четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 110 возачи, дел од нив возеле со брзина од 190 километри на час

Казнети 110 возачи, дел од нив возеле со брзина од 190 километри на час

На 14/15.07.2021 СВР Тетово спроведе две акциски контроли за брзина со која се движат возилата.

Во нив биле откриени и законски санкционирани 110 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-88 и ГВ-22), најмногу за 50 до 70 километри на час над дозволеното.

Покрај ова, биле санкционирани и 2 возачи (ТЕ) кои возеле пребрзо во населено место, како и 2 други видови прекршоци (ТЕ). На 14.07.2021, пак, спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во рамките на која санкционирани се вкупно 18 прекршоци (ТЕ), од кои 15 за неносење на заштитен шлем, односно кацига.

При контролата, исто така, откриени се и 24 други видови прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-5).