петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид бил уценуван, за во јавност да не се појават скандалозните изјави на Перез биле побарани 10 милиони

Реал Мадрид бил уценуван, за во јавност да не се појават скандалозните изјави на Перез биле побарани 10 милиони

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека новинарот Хосе Антонио Абељан се обидел да изнуди 10 милиони евра од Реал Мадрид за скандалозните изјави на Флорентино Перез да не се појават во јавноста.

Оваа недела беа објавени неколку скандалозни изјави на Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид плука по иконите како Раул Гонзалез и Икер Касиљас а кажува навредливи зборови и за Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо.

Во емисијата „Ел Трансистор“ на Онда Серо синоќа беше објавено дека новинарот Хосе Антонио Абељан кој тајно ги направил снимките, се обидел да изнуди богата сума од Реал Мадрид и побарал 10 милиони евра за јавноста никогаш да не дознае што имал да каже Флорентино Перез.

Целата приказна се најде и на официјалниот профил на Реал Мадрид на Твитер.

„Ел Трансистор на Онда Серо објави дека Абељан во 2011, во ресторанот Комбаро, имал средба со тогашниот потпретседател на Реал Мадрид, Едуардо Фернандез де Блас, и побарал 10 милиони евра за да исчезнат илегалните и манипулативни снимки“ – гласеше постот.