петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Египќаните од Охрид ќе ја поддржат кандидатурата на Пецаков за градоначалник

Египќаните од Охрид ќе ја поддржат кандидатурата на Пецаков за градоначалник

Кандидатурата на доктор Кирил Пецаков за градоначалник на Охрид, предложено од страна на ВМРО ДПМНЕ, за голем број Египќани претставува висинско освежување и надеж  дека оваа етничка заедница, конечно ќе почне со сериозни и одлучни чекори во процесот на институционална интеграција и демаргинализација.

Ова го истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.

-Ова произлегува од долгогодишната пријателска  коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, како и од желбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги интегрира Египќаните врз основа на позитивните законски прописи и европските вредности како и универзалните човекови права и слободи. Д-р Пецаков Кириле голем пријател на Египќаните, секогаш ги поддржувал проектите во кои биле  вклучени, а како долгогодишен член и фунционер на ВМРО-ДПМНЕ, во многу наврати Пецаков ја потенцирал потребата од интеграција, рамноправност и еднаквост, истакнува Далип.

Тој посочува дека Охрид  како туристички, културен, верски центар во Македонија, има потреба од промени, а промените  ќе започнат со убедливата победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков.