Манчестер Сити ја следи ситуацијата на Роберт Левандовски кој сака да проба нешто ново во кариерата, но Баерн Минхен нема намера да го продаде.
Мали се шансите на Манчестер Сити да го купи Хари Кејн, па граѓаните разгледуваат и други опции, а една од нив е Роберт Левандовски.
Според „Скај Спорт Германија“, Левандовски сака да се проба во нов клуб, во ново првенство бидејќи во Баерн Минхен има освоено се што може да се освои.
Тој има 32 години и смета дека ако ова лето не направи трансфер во друг фудбалски гигант, тешко дека ќе може понатаму.
Но, за тоа се прашува и Баерн Минхен, Левандовски има уште две години од актуелниот договор, па Баварците немаат намера да се откажат од него.
Баерн Минхен важи за клуб кој не ги продава играчите ако тренерот сериозно смета на нив. Едноставно сумата е неважна, ако не сакаат да го продадат, нема да го продадат.
Не е отфрлена можноста Левандовски сепак да си замине од Баерн Минхен, но тоа нема да се случи ако Баварците не најдат прво негова соодветна замена, а такви на пазарот нема многу, Кејн, Халанд, Мбапе…