среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Доколку Кејн биде продаден – Тотенхем носи замена од Србија?!

Доколку Кејн биде продаден – Тотенхем носи замена од Србија?!

Доколку Тотенхем го продаде ова лето Хари Кејн, клубот од Лондон тргнува по нов напаѓач.

Дел од шпекулациите одат до таа мера што тврдат дека во Тотенхем се расположени за ангажман на српскиот фудбалер Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Како што пренесува Газета дело Спорт, српскиот напаѓач е прва мета за тренерот Нуно Гомез и првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

Кејн пред неколку недели навести дека можеби ќе замине ова лето, па уште е неизвесно дали ќе дојде екипа која ќе ги задоволи потребите и побарувањата пред се на Тотенхем, бидејки тешко е веројатно дека Леви ќе се согласи да го ослободи Кејн под 100 милиони евра.

Доколку успеат да го продадат, Тотенхем ќе се обиде да го ангажира Влаховиќ, за кого Фиорентина бара 60 милиони евра.