петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Робен по втор пат ја заврши фудбалската кариера

Робен по втор пат ја заврши фудбалската кариера

Арјен Робен по втор пат објави дека се збогува од играчката кариера. Прв пат тоа го направи пред две години, откако го напушти Баерн Минхен, но година дена подоцна се врати во Гронинген.

„Драги фудбалски фанови, одлучив да ја завршам својата кариера. Многу тешка одлука. Сакам да им се заблагодарам на сите на топлата поддршка“– објави Робен.

Тој во кариерата има играно за Гронинген, ПСЖ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, со кого во 2013-та година ја освои Лигата на шампионите постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Борусија Дортмунд.

Овој 37 годишен играч во клупската кариер беше шампион на Холандија, Англија, Шпанија и Германија, додека со Холандија беше втор на свет, а еднаш и трет.

Минатата сезона поради проблеми со повреди запиша само седум настапи за Гронинген.