четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона го продава еден од најдобрите дански фудбалери: Го бараат неколку клуба од Премиер лигата

Барселона го продава еден од најдобрите дански фудбалери: Го бараат неколку клуба од Премиер лигата

Една и пол година откако со активирањето на клаузулата во неговиот договор со Леганес, Барселона во своите редови го донесе Мартин Брајтвајт, сега се подготвени да го продадат напаѓачот и тоа за помалку од што го платија.

Данецот на Камп Ноу пристигна за 18 милиони евра, а од таму ќе замине ако некој плати 14 милиони евра, јавува Спорт.ес. Наводно клубот имал повеќе понуди и подготвен е да го пушти бидејќи летово ги доведе Мемфис Депај и Серхио Агуеро.

Настапувајќи просечно по 40 минути на натпревар, Брајтвајт за Барслона одигра 29 натпревари во Ла Лига, на кои постигна по два гола и асистенции.

За него интерес покажуваат Вест Хем, Норич и Брајтон.