петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шокантна забрана од челниците во Серија А

Шокантна забрана од челниците во Серија А

Раководството на италијанската Серија А одлучи да воведе забрана за користење дресови со зелена боја. Оваа одлука ќе стапи во сила од сезоната 2022/23. Освен за дресовите, правилото ќе важи и за шорцови и чорапи во зелена боја.

Оваа одлука на челниците на Серија А е по барање на телевизиските компании кои прават преноси на средбите од Серија А, образложувајќи дека фудбалерите едноставно се „губат“ на зелениот терен кога носат зелени дресови.

Во новата сезона два тима промовираа гостински дресови токму во зелена боја, а тоа се Аталанта и Лацио.

Најголемиот проблем ќе биде за „домашниот“ дрес на Сасуоло, кој игра во „зелено-црни“ дресови. Засега уште не е регулирано дали Сасуоло ќе добие дозвола да игра во тие дресови или ќе мора да бара нови „домашни бои“.