Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо донел конечна одлука кога е во прашање неговата иднина во Јувентус.
Многу се говореше за Португалецот и за тоа дека може да го напушти Торино особено откако за тренер беше најзначен Масимилијано Алегри, но според „Газета Дело Спорт“ напаѓачот останува во оваа средина најмалку уште една сезона.
Роналдо потврдил дека ќе продолжи и во сезоната 2021/2022, а интересно неговиот агент Жорже Мендеш работи и на продолжување за соработката за уште една година со тоа што допрва треба да се интензивираат разговорите, преговите на оваа тема.
Португалецот кој е на одмор по ЕП ќе им се врати на обврските на 25 јули.