Почна сoслушувањето на најопасната криминална група на Балканот. Велимир Беливук влезе во судница и се соочи на суд.
Веља Невоља и Марко Миљковиќ биле главни организатори на злосторствата и исчезнувањето на неколку лица, во најголем дел навивачи.
Тој негирал дека имал врска со исчезнувањето на навивачи и рекол дека тоа се измислици. Но, кога Обвинителството им ги покажало снимките пронајдени во нивните мобилни телефони преку апликацијата „Скај“ каде што се гледа како телата ги мелат во машина за мелење месо тие почнале да повраќаат од сопствените злосторства.
Според медиумите, откако им биле прикажани сцените, некои од осомничените дури и повраќале во судницата за време на испрашувањето.
Беливук се бранел со молчење за време на испрашувањето во врска со одлуката за проширување на истрагата, во која се наведува дека Лазар Вукичевиќ и Александар Глигоријевиќ биле убиени во куќата на ужасите во Ритопек.