среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приложил француска лична карта за излез од државата, а влегол со албанска исправа – приведено едно лице на скопскиот аеродром

Приложил француска лична карта за излез од државата, а влегол со албанска исправа – приведено едно лице на скопскиот аеродром

На 17.07.2021 во 17.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ од полициски службеници е приведен A.A.(24).

Toj приложил француска лична карта, а по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција е утврдено дека лицето нема остварено влез во државата со доставениот личен документ, туку на 17.07.2021 влегол во државата на Граничниот премин „Блаце“ со албанска патна исправа на негово име, која била пронајдена кај него. Лицето е предадено на полициски службеници од Регионалниот центар-Север за понатамошна постапка.