петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Во Токио пристигнаа првите македонски спортисти

Во Токио пристигнаа првите македонски спортисти

Македонската олимписка експедиција за Игрите во Токио брои осум спортисти, кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини.

Настап под македонското знаме на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска Еминова и Филип Деркоски, теквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стрелачот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.

Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски.

Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и Бранковски на 24 јули, а ден подоцна на олимиската арена ќе настапи Реџепи.