среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Џафери откако тој им ја врати поднесената интерпелација

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Џафери откако тој им ја врати поднесената интерпелација

Координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес информира дека дале одговор на известувањето во однос на вратената интерпелација за работата на претседателот на Собранието на Република Македонија.

Мицевски истакна дека сметаат дека враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

-Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и дека врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот. Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон. Така да, одговорот е поднесен до претседателот на Собранието, очекуваме службите да го обработат и истиот да стигне кај претседателот, посочи Мицевски.

Најнови вести