Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти денеска дека суспендирала тројца руски фудбалери поради кршење на антидопинг правилата.
Иван Књазев и Дарија Мешчерјакова се суспендирани на две години, додека на Владимир Обухов му е изречена шестмечна казна.
Обухов доби помала казна, бидејќи го признал кривичното дело и „значително помогнал“ во текот на истрагата во рамки на која, како што е соопштено, ФИФА и Светската антидопинг агенција пронашле „уверливи докази“ за користење метандиедон и фуросемит.
Обухов е член на руската екипа Ростов и е поранешен руски младински репрезентативец, а настапи за младинските селекции има и голманката Мешчерјакова. (МИА)