Скандалот со фудбалерот на Евертон кој е приведен во петокот поради сомнение за педофилија, доби продолжение.
Откако утринава медиумите од Англија објавија дека фудбалер на Евертон завршил во полициска станица и отворена е официјална истрага за педофилија, веќе неофицијално е познат и неговиот идентитет.
Станува збор за Гилфи Сигурдсон, 31 годишниот фудбалер веќе ги избришал своите профили на социјалните мрежи а истото го направила и неговата сопруга.
Евертон потврди дека еден нивен првотимец е суспендиран и дека соработува со полицијата во Ливерпул.