СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.К.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 18.11.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле пиштол, за кој не поседувал дозвола.