Бока Јуниорс претрпе елиминација во осминафиналето на Копа Либертадорес, но никој не зборува за конечниот резутлат од овој натпревар, од едноставна причина што по крајот на средбата настана невиден хаос на теренот и во подтрибинскиот простор.
Атлетико Минеиро се пласираше во наредната рунда откако излезе како победник во чудниот пенал рулет во кој прецизен беше само еден играч на Бока Јуниорс, но триумфот на Бразилците остана во сенка на она што се случи во продолжение.
Претставници на двата тима влегоа во жесток клинч, се разменуваа удари и се фрлаа различни предмети, а дел од играчите велгоа во клинч и тепачка со обезбедувањето и полицијата.
Лудите сцени од Јужна Америка најдобро ги отсликува моментот кога Маркос Рохо тргна да фрла со ПП апарат кон „непријателите“, па сега неговата луда замисла доби и урнебесна страна, бидејќи неговиот поранешен соиграч Андер Ерера излезе со оригинална објава на социјалните мрежи.
Инаку, Маркос Рохо беше единствениот прецизен пеналџија на Бока уште во воведната серија, по што следеа три промашувања и болна елиминација пред да настане невидена мешаница и општа тепачка.
😅 Only Marcos Rojo would pick up a fire extinguisher in tunnel brawl!pic.twitter.com/ywH0Af8jlv
— The Sportsman (@TheSportsman) July 21, 2021
Ander Herrera paying tribute to Marcos Rojo on Instagram after a video emerged of him attempting to throw a fire extinguisher at Atlético Mineiro staff 🧯 pic.twitter.com/35XEbUs4hx
— utdreport (@utdreport) July 21, 2021