среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почнува олимпискиот турнир: Дани Алвес, Асенсио, Жињак најголеми ѕвезди

Почнува олимпискиот турнир: Дани Алвес, Асенсио, Жињак најголеми ѕвезди

Утре изутрина започнува машкиот фудбалски турнир на Летните Олимписки Игри во Токио. Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во групата Г на фудбалскиот турнир во Токио со Германија, Брегот на Слонова Коска и Саудиска Арабија.

Бразилските фудбалери ја бранат олимписката титула освоена на Игрите во 2016 година на домашен терен. Во финалето ја совладаа Германија со која во Токио ќе бидат во иста група. Групата А ја сочинуваат домаќинот Јапонија, Јужна Африка, Мексико и Франција, во групата Б се Нов Зеланд, Јужна Кореја, Хондурас и Романија, додека групата Ц ја сочинуваат Египет, Шпанија, Аргентина и Австралија.

група А: Јапонија, Јужна Африка, Мексико, Франција
група Б: Нов Зеланд, Јужна Кореја, Хондурас, Романија
група Ц: Египет, Шпанија, Аргентина, Австралија
група Д: Бразил, Германија, БСК, Саудиска Арабија

Се очекува ѕвезди на олимпискиот турнир да бидат Ричарлисон и Дани Алвес од Бразил, Аларио од Аргентина, Нмечиа од Германија, Дани Олмо и Асенсио од Шпанија, Жињак и Тован од Франција, Ерик Бејли од Брегот на Слоновата коска…

Олимписките игри во Токио, кои минатата година беа одложени поради пандемијата на коронавирус, треба да се одржат од 23 јули до 8 август.