понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Огромен пад на градежништвото, издадени одобренија за градба за 45,1 % помалку од лани

Огромен пад на градежништвото, издадени одобренија за градба за 45,1 % помалку од лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 678 288 илјади денари, што е за 76.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на магистралниот гасовод – делница 2, Неготино (Кавадарци) – Битола.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 (56.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (16.6 %) за објекти од нискоградба и 57 (27.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 211 објекти, на 116 (55.0 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 (45.0 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 342 станови со вкупна корисна површина од 27 398 м2 .

Најнови вести