Една од најпознатите порно актерки Миа Калифа преку социјалните мрежи објави дека се разведува од сопругот Роберт Сандберг по две години брак.
-Можеме да кажеме дека се обидовме се за нашиот брак да функционира, но по речиси една година терапија и работа на тоа поле, се разделуваме, знаејќи дека во другиот ќе имаме пријател за цел живот и дека навистина се обидовме, вели Калифа во објавата.
Таа додава дека не станува збор за инцидент, туку за нешто друго.
-Секогаш ќе се сакаме и почитуваме бидејќи ниеден изолиран инцидент не е причина за нашето разделување, туку врвот на нерешливи, темелни разлика за кои не можеме меѓусебно да се обвиниме. Го затввораме ова поглавје без жалење и двајцата почнуваме од почеток, одвоени, но поврзани низ неверојатно семејство, пријатели и љубов кон нашите кучиња, вели Калифа.
Миа и Роберт се верија во март 2019 година, а во брак стапија истата година на 10 јуни.
View this post on Instagram