Поранешниот македонски пејач Маријан Стојаноски во јуни 2020 година се венчаше пред матичар со Наташа Каранџулоска.
Сега истото го направи во црква пред олтарот и попот и тоа во родното Крушево. Покрај венчавката парот организирал и крштевка за нивната ќерка Вероника.
Маријан и Наташа преку фотографии на социјалните мрежи објавија и дека го очекуваат второто дете.