сабота, 4. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Одличните настапи на ЕУРО му ги зголемија апетитите: Закарија сака да замине од Менхенгладбах, заинтересирани Сити и Арсенал

Одличните настапи на ЕУРО му ги зголемија апетитите: Закарија сака да замине од Менхенгладбах, заинтересирани Сити и Арсенал

Одличното Европско првенство, каде со својата Швајцарија успеа да го елиминира актуелниот светски шампион Франција во осминафиналето преку пенали, а на истиот начин останаа без пласман во полуфиналето, ја крена цената и амбивиите на Денис Закарија.

Тој остави одличен впечаток на ЕУРО 2020 без разлика што неговиот национален тим беше поразен од Шпанија во четвртфиналето по изведување на удари од 11 метри.

24 годишниот играч од средниот ред им порачал на челниците на својот клуб, Борусија Менхенгладбах дека сака да промена на средината, а оваа информација ја потврдил спортскиот директор на клубот, Макс Еберл.

Закарија се поврзува со трансфер во Премиер лигата, односно според медиумите интерес за него покажале Манчестер Сити и Арсенал.