вторник, 23. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Детенце го прекина натпреварот на Борусија, Халанд приморан на „интервенира“

ВИДЕО: Детенце го прекина натпреварот на Борусија, Халанд приморан на „интервенира“

Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд е жешка тема ова лето, но младиот норвешки напаѓач засега се уште е член на „Милионерите“ со кои денес играше подготвителен натпревар против Атлетик Билбао.

Натпреварот се играше во швајцарски Сент Гален, а во еден момент беше прекинат од едно детенце кое не можеше да го дочека крајот на наптреварот туку одлучи да влезе на теренот со цел да побара автограм од својот идол.

Момчето пристојно причека топката да излезе од игра и му пријде на Халанд пред изведувањето на корнерот, а Халанд со задоволство реагираше и му се потпиша на маицата пред да го испрати надвор од теренот.