Борусија Дортмунд почнува да ги троши парите заработени од Џејдон Санчо. Клубот планира во своите редови да го доведе Дониел Мален од ПСВ.
Мален одигра одлично Европско првенство за Холандија, а за ПСВ во текот на минатава сезона постигна 27 голови на 45 натпревари. Тој настапува на позицијата напаѓач.
Дека се големи шансите овој трансфер да се оствари пишува и Фабрицио Романо, кој дури вели дека преминот на Мален од ПСВ во Дортмунд е веќе практично договорен.
Германците за холандскиот репрезентативец би требало да платат 35 милиони евра.