петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Регион

10 загинати, 45 повредени, осумина се во тешка состојба е епилогот од тешката сообраќајка кај Славонски Брод

10 загинати, 45 повредени, осумина се во тешка состојба е епилогот од тешката сообраќајка кај Славонски Брод

Од болницита во Славонски Брод информираат дека кај нив се 45 повредени патници од тешката сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот А3. Осумина од повредените се во тешка ситуација. Официјално досега се загинати 10 патници од косовскиот автобус на компанијата Дева турс кој сообраќал на релацијата Приштина – Франкфурт.

Автобусот со 60 патници утрово во 6,20 часот излетал од автопатот. Полицијата ги истражува причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.

Хравтската полиција најпрво јави дека се работи за македонски автобус и загинати тројца патници.

За несреќата на својот твитер профил се огласи и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ: „Со голема тага ја примив веста за излетувањето на автобусот од автопатот кај Славонски Брод во кој животот го загубија 10 лица. Во мислите сме со семејствата на жртвите и со косовските власти и народот, и на сите им изразуваме длабоко сочувство. Се надеваме дека повредените патници брзо ќе се опорават“, напиша Пленковиќ.