четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Неочекуван старт: Навивачи на Баерн Минхен со навреди до Нагелсман на неговиот прв меч на Алијанц Арената

Неочекуван старт: Навивачи на Баерн Минхен со навреди до Нагелсман на неговиот прв меч на Алијанц Арената

Група навивачи на Баерн Минхен го навредуваа тренерот Јулијан Нагелсман во текот на пријателскиот меч против Ајакс кој заврши нерешено со 2:2.

Тоа беше прв меч за Нагелсман како тренер на Баерн на Алијанц Арената.

Овој 34 годишен тренер играл за младинскиот тим на Минхен 1860, а кратко време бил дел и од вториот тим. Подоцна како тренер работел со младинците на овој клуб. Проблемот е што за навивачите на Баерн помалиот минхенски тим претставува нивни голем ривал.

Група од 20 навивачи го навредувале Нагелсман, говорејќи му дека е свиња, но Билд извесвуа дека нивните навреди ги слушнале и останатите навивачи, кои ги имало околу 8.500 на Алијанц Арената.