четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Раздвижено во Рим: Мурињо доведе замена за Спинацола, сега сонува за Икарди

Раздвижено во Рим: Мурињо доведе замена за Спинацола, сега сонува за Икарди

Рома во своите редови го има хитот на Европското првенство, италијанскиот лев бек Леонардо Спинацола, но сепак неколку месеци нема да може да сметаат на него, бидејќи тој заработи тешка повреда на ЕУРО 2020.

Поради тоа Жозе Мурињо реши да доведе замена за него. Рома наскоро треба официјално да го објави трансферот на Матијас Вина од Палмеираш, кој ќе ги чини 13 милиони евра, јавува Кориере Дело Спорт.

Покрај него, Калчомеркато пишува дека Мурињо сака да пазари во Париз.

Португалецот го сака Мауро Икарди од ПСЖ, во случај на продажба на Един Џеко.