Прекрасна вест пристигнува од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир.
Се породи 52-годишна жена. Ова беше нејзината прва бременост.
Родилката е од Кочани и таа роди ќерка.
Како што дознава КУРИР, бебето и мајката се во добра здравствена состојба.
Пред само шест дена уште една ваква убава вест пристигна од истата болница. Тогаш се породи 50-годишна жена која 27 години водела битка со стерилитет.