четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас и Барди заедно во Калчо-лигата?!

Елмас и Барди заедно во Калчо-лигата?!

Италијанскиот прволигаш Торино ја продолжува потрагата по засилувања за наредната сезона, а на листата со желби на овој клуб се наоѓаат и двајцата македонски фудбалери, Енис Барди и Елиф Елмас.

„Торинезите“ го договорија доаѓањето на Хрватот Пјаца, на позајмица од Јувентус, а во наредните денови приоритет ќе биде ставен врз засилувањето на средниот ред. Барди е желба на Торино веќе извесно време, но италијанскиот клуб се уште е во дилема дали да плати 15 милиони евра, колку што бара Леванте за својот мајстор за изведување на слободни удари. Денеска од Италија пристигнува информацијата дека „торинезите“ се загреани и за ангажман на Елмас, кој дефинитивно во овој клуб би добил далеку поголема слобода во играта отколку што тоа беше случај досега во Наполи.

Понудата на Торино би била за позајмица на Елмас на една сезона, а последниот збор би требало да го има новиот тренер Спалети, кој ќе треба да донесе одлука дали да го задржи Елиф и да му даде посериозна улога во тимот или да даде зелено светло за негово заминување.

Наполи во изминатите месеци одби неколку понуди за Елмас, челниците потенцираа дека иднината на „дијамантот“ е во Неапол, но доколку Спалети не смета сериозно на неговите услуги, позајмица во Торино би можела да биде позитивна опција за сите страни.