СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.
На 31.05.2021 на ул.„Борис Крајгер“, поради недоразбирање во сообраќајот, пријавениот физички го нападнал С.Н. од Штип, нанесувајќи му тешки телесни повреди.