Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, денеска слета на скопскиот аеродром. Со големи овации Дејан беше пречекан од голем број лица, но вечерва во 19:30 часот на плоштад Македонија има организирано голем пречек за спортскиот херој.
-Си дојдовме во нашиот Бутел, од кај св. Јован тргаме, кај св. Јован се враќаме.
Господ со нас! Се гледаме вечер во 19:30 ч на плоштад Македонија! ДЕКИ ШАМПИОНЕ!, напиша тренерот Дарко Костовски на Фејсбук.