Според италијанските медиуми, Ромелу Лукаку му кажал НЕ на Челси иако англискиот клуб му нудел подобри финансиски услови од тие што го има во Интер.
Лукаку е среќен во Интер, не е важно дали на друго место може да заработи повеќе, неговата желба е и во следната сезона да настапува за италијанскиот шампион.
Според „Газета дело Спорт“, Челси имал разговори со Лукаку и му понудиле да го вратат на Стемфорд Бриџ.
Но одговорот бил негативен, тој им рекол дека не сака да го напушти Интер без разлика што му нудат повеќе пари.
Челси е во потрага по елитен напаѓач, но засега тешко им оди таа мисија. Се обидоа да го добијат Халанд, не успеаа, неуспешен е и обидот за ангажман на Лукаку, ќе треба да се насочат кон следна цел.