вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иниеста следната недела ќе открие дали ќе оди во Кина или Јапонија

Иниеста следната недела ќе открие дали ќе оди во Кина или Јапонија

Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста ќе ја продолжи својата кариера во Кина или Јапонија, а неговиот избор ќе стане познат следната недела. Фудбалерот кој минатата недела наполни 34 години, во април објави официјално дека ќе го напушти каталонскиот клуб, во кој ја помина целата кариера.

– Ми претстои веројатно да ја земам најважната одлука во мојот живот. Размислувам за две варијанти – Кина и Јапонија, секоја со свои нијанси. Сега ми е потребно да проценам сè и да одлучам што ќе биде подобро. Се надевам дека следната недела ќе можам да ја објавам одлуката за да се фокусирам на подготовките за Светското првенство, рече Иниеста пред радио „Онда Черо“.

Тој го направи своето официјално деби за Барса во 2002 година и оттогаш забележа 435 натпревари за тимот, освојувајќи ги сите можни трофеи на клубско ниво.

Иниеста е осумкратен шампион на Шпанија, четири пати победник во Лигата на шампионите, шест пати во Купот на земјата, седум пати во Суперкупот на Шпанија, три пати во Светското клубско првенство и исто толку пати во Суперкупот на Европа.

МИА