Популарниот фолкер, Радиша Трајковиќ познат како Џани, по 25 години брак се разведува од својата сопруга Слаѓа.
Таа наводно одлучила да стави крај на бракот и повеќе не сака да ги толерира постапките на пејачот.
Слаѓа ги контактираше адвокатите за да подготват документи за да го прекинат нивниот брак што е можно поскоро.
-Жената е тажна и депресивна, децата се обидуваат да ја насмеат, но не вреди. Таа не се надеваше дека ова ќе се случи. Причината зошто одлучила да се разведе е тоа што Џани му позајми голема сума пари на човек кој не е нивен пријател, туку само познаник. Таа полуде и доживеа нервен слом. Слаѓа постојано се грижи за парите, додека Џани без размислување ги троши, вели извор за „Стар“ и додава:
-Џани се надева дека Слаѓа ќе му прости, но прашањето е како се ќе излезе на крајот. Проблемот е што Слаѓа прво мислеше дека Џани се коцка, но откри дека парите се позајмени на познаник, заклучува изворот.