недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона го претстави новото засилување

Барселона го претстави новото засилување

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона го претстави новото засилување за следната сезона, Емерсон Ројал.

22 годишниот десен бек во клубот пристигнува од редовите на Реал Бетис.Младиот Емерсон уште во 2019 година потпиша за Барселона во договор со Атлетико Минеиро и Реал Бетис со кој беше одлучено играчот две сезони да мине во Бетис, а потоа Барса од нив да го откупи договорот.

Емерсон кој беше селектиран и од Тите во селекцијата на Бразил за Копа Америка сега пристигна во Каталонија и веднаш ќе започне со тренинзи со новите соиграчи. Емерсон е четврто засилување за Барселона по Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро кои пристигнаа во клубот како слободни агенти.