Машката ракометна репрезентација на Норвешка ја победи досега непоразената Франција со 32-29 (15-15).
Скандинавците одиграа одлично второ полувреме, беа посигурни кога беше најважно и го префрлија притисокот врз Германците во битката за третото место.
Убедливо најдобар поединец на оваа средба беше Сандер Сагосен, кој со осум погодоци ги предводеше Норвежаните.
Кај Франција, со по пет гола се истакнаа Никола Карабатиќ и Уго Деска, додека повеќе ракометари во двата ростери стрелаа по четири пати.