Откако беше комплетиран и последниот натпревар од групната фаза на ракометниот Олимписки турнир кај дамите, познати се и четвртфиналните парови во разигрувањето.
Пред битката за медали, осумте најдобри екипи ќе се борат за место во полуфиналето.
- Четвртфинални парови на ЛОИ:
Норвешка – Унгарија
Холандија – Франција
Црна Гора – Русија
Јужна Кореја – Шведска
Потоа, познато е и кој со кого вкрстува во полуфиналната фаза, како и целосниот пат до медалите.
- Потенцијални полуфиналиња:
Норвешка/Унгарија – Црна Гора/Русија
Франција/Холандија – Шведска/Јужна Кореја
Четвртфиналињата ќе се одиграат на четврти август. Натпреварите од фазата на четири најдобри екипи се закажани за шести, додека дуелот за трето место и финалето се планирани за осми август.