На 05.08.2021 околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.С., констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.