вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Поседувал бела прашкаста материја, приведен маж

Поседувал бела прашкаста материја, приведен маж

На 07.08.2021 во 22:15 часот на локалниот пат кон кичевското село Србица, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Р.Р.(46) од с.Србица.

При контрола во неговото патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, била пронајдена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.