среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Заштитениот сведок откри како се влегувало во „кланицата“ на Веља невоља

Заштитениот сведок откри како се влегувало во „кланицата“ на Веља невоља

Бојан Хрватин, некогашен член на групата на Веља невоља, а сега заштитен сведок до детали опиша како се влегувало во „кланицата“ во Ритопек каде Беливук и другарите мачеле, сечеле и мелеле жртви.

Тој вели дека претходно оваа просторија служела за одгледување на марихуана и оти во неа не било лесно да се влезе.

„Тој бункер се наоѓаше веднаш штом влезеш во гаражата. Требаше да се уфрли дебел штраф и добро да се запне пред да се отвори голема бетонска врата“, објасни сведокот.