недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал Келаифи е тотално луд, следна цел му е – Роналдо!

Ал Келаифи е тотално луд, следна цел му е – Роналдо!

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи не се задоволува само со трансферот на најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси, туку уште отсега почнува со плановите за идното лето.

Како бомба одекнуваат најавите од Франција дека негова следна цел ќе биде Кристијано Роналдо кој во јули 2022 година станува слободен играч затоа што му истекува договорот со Јувентус. Во ПСЖ ќе дојде како замена за Килијан Мбапе чиј договор, исто така, истекува идното лето и најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Французинот не сака да се обврзе кон ПСЖ, има најави и дека е незадоволен од доаѓањето на Меси, а уште одамна се знае дека му е сон да заигра за најтрофејниот тим во Лигата на шампионите.

Ако ова се оствари, првпат во историјата Роналдо и Меси ќе заиграат во иста екипа иако Португалецот ќе има 37, а Аргентинецот 35 години. Веројатно нема да постои посилен тим во историјата на фудбалот бидејќи само тие двајца досега освоија 11 Златни топки и девет титули во Лигата на шампионите со можност овие бројки до идното лето да се зголемат.