среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси во ПСЖ за две години ќе заработи 122 милиони евра?!

Меси во ПСЖ за две години ќе заработи 122 милиони евра?!

Според пишувањата на „Ле Паризиен“, Лео Меси во Париз ќе има годишшна нето плата од 41 милион евра, Аргентинецот ќе добие и бонус од 40 милиони евра за потпис на договорот.

Изминативе денови имаше многу написи за платата на Лео Меси во ПСЖ, а според денешното издание на Ле Паризиен, напаѓачот за две години ќе заработи најмалку 122 милиони евра.

Весникот пренесува дека Аргентинецот ќе има годишна нето плата од 41 милион евра, односно 82 милиони евра за две години. На оваа сума треба да се додаде и бонусот од 40 милиони евра за потпис на договорот.

Примањат ана Лео Меси можат дополнително да пораснат во зависност од колективните и индивидуални бонуси како што е триумф во Лигата на шампиони или освојување на „Златната топка“.

Ле Паризиен додава дека ПСЖ очекува најголем дел од оваа сума да биде вратена благодарејќи на огромната маркетинг вредност на Лео Меси.

„Светците“ веќе бележат рекордни бројки на продажба на дресови, во он-лајн продавницата за кратко време беа купени сите дресови со бројот 30 и презимето на Аргентинецот, додека пак има километарски колони за влез во фан-шопот и купување дрес од Лео Меси