четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ ги собра сите достапни ѕвезди, дали е ова најдобриот трансфер рок во историјата?

ПСЖ ги собра сите достапни ѕвезди, дали е ова најдобриот трансфер рок во историјата?

Пари Сен Жермен одработе трансфер период како да не постои глобална пандемија. Без никакво штедење, со максимални договори и богати услови, францускиот тим ги доведе сите ѕвезди на кои во поранешните клубови не им беа задоволени барањата.

Сè почна со Џорџинио Вајналдум, па продолжи со единствениот трансфер кој ПСЖ го плати 60 милиони евра, Ашраф Хакими. Потоа пристигнаа како слободни агенти и Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума. Кога веќе изгледаше дека парижани не можат повеќе да ги одушеват фановите, се случи Лионел Меси.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, аргентинскиот ас дојде без обештетување, откако остана без договор со Барселона. ПСЖ притисна, ги собра милионите и се договори со Меси кој дојде како „шлаг на тортата“ на новиот европски дрим-тим. Новајлиите, надополнети со постоечките играчи на ПСЖ, прават навистина неверојатна постава и без сомнеж, барем на хартија најдобар тим на светот во овој момент.

Насер Ал-Келаифи не се штедеше, тврди дека работел во правилата на Финансискиот фер плеј и доведе неверојатни имиња, а се „истакна“ само за Хакими. Амбициите се јасни, напад на трофејот во Лигата на шампионите, нешто што недостига во Париз.

Поради сите потписи, сосема основано е да се постави прашањето: Дали е ова најдобриот трансфер рок кој еден клуб го одработел во историјата на фудбалот?