петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Како Меси заврши во ПСЖ?

Како Меси заврши во ПСЖ?

Минатиот четврток (5. aвгуст), Лео Меси требаше да потпише нов договор со Барселона, но на големо изненадување, „каталонците“ соопштија дека Аргентинецот нема да продолжи поради правилата за финансиски фер-плеј на Ла Лига.

Многумина мислеа дека ова е притисок од страна на Барса врз Ла Лига, па и останатите клубови биле претпазливи со својот пристап. Таа вечер, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо му испратил порака на Хорхе Меси и го прашал: „Дали е вистина ова што го соопшти Барса, дали може да разговараме утре?“ Таткото на Лео одговорил со ДА, и во петок (6. август) започнале преговорите и напорите на „светците“ да го донесат напаѓачот во своите редови.

Преговорите се одвивале во две етапи, првата од петок до недела, а втората од недела до вторник. Во правата етапа се преговарало за должината на договорот и платата, а во втората се пеглале деталите.

Лео Меси бил задоволен со првиот предлог кој ПСЖ го ставил на маса, па не бил расположен за преговори со други клубови, Хорхе Меси добил повик од Челси и од Атлетико Мадрид, но само културно ги одбил.

Откако начелно била постигната согласност во неделата навечер, адвокатите почнале да го составуваат договорот и постојано се разменувале драфт верзии, на секој три часа се разменувале документи со исправки.

Во понеделникот, Хорхе Меси му се јавил на својот син да го извести дека се е договорено и дека се селат во Париз. Во вторникот наутро, Хорхе Меси прв ја напушти Барселона и отпатува во градот на светлината, а кратко потоа во приватен авион се качи Лео Меси со сопругата и децата. Во вечерните часови пристигна официјалното соопштение, Аргентинецот стави потпис на двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци.