Како бомба одекна преселбата на Лионел Меси од Барселона во францускиот гигант ПСЖ и предизвика големо внимание на фудбалската јавност ширум целиот свет, а вчера Меси го одработи првиот тренинг во ПСЖ и беше дел од индивидуалните подготовки во теретаната и дополнителните вежби на теренот, па Аргентинецот за првпат можеше да се запознае со голем број од новите соиграчи, но и да се сретне со голем број добри познаници.
Дел од нив се сонародниците Ди Марија, Паредес и тренерот Покетино, но во фокусот се најде и неговата прва средба со човекот кој беше негов огромен ривал на теренот во изминатите 15 години.
Серхио Рамос на интересен начин му посака добредојде на Лео во Париз и нагласи дека никој не можел да замисли дека тие двајца ќе играат во ист тим во новата сезона, но кога веќе тоа се оствари, навистина вирално стана првото видео кое го сподели ПСЖ.
🇫🇷 Messi finally met all his teammates at PSG including Sergio Ramos! 🔥pic.twitter.com/GO89xGVb5f
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) August 12, 2021
Двајцата имаа симпатична прва средба и пријателска прегратка во теретаната, па во сезоната во која ќе имаат исти цели на теренот, сигурно ќе заборават на сите непријателства и непријатни и провокативни моменти кои ги имаа на теренот како главни ѕвезди во Реал Мадрид и Барселона.
Messi and Ramos’ first linkup 🔥 pic.twitter.com/tSEQZyGQTw
— J. (@MessiIizer) August 12, 2021