четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал додели суспензија за свој навивач кој поттикнувал насилство над Џака

Арсенал додели суспензија за свој навивач кој поттикнувал насилство над Џака

Фановите на Арсенал беа сведоци на лоша увертира во новата премиерлигашка сезона, а еден од нив покрај од поразот од Брентфорд, бил разочаран и од одлуката за суспензија донесена од клубот.

Арсенал ја информираше јавноста дека неименуван сопственик на сезонски билет добил забрана за посета на стадионот наредните три години, а причина се два негови потези.

Првиот е обвинението за поттикнување насилство кон поранешниот капитен Гранит Џака, веројатно во периодот кога Швајцарецот влезе во конфликт со навивачите на Арсенал.

Истиот навивач подоцна испраќал директни расистички навреди до фудбалер на Тотенхем преку социјалните мрежи.

Арсенал уште еднаш ги потсети навивачите дека во иднина поревносно ќе биде следено нивното однесување, дури и на социјалните мрежи, па ќе добиваат и посериозни суспензии.