Хабиб Нурмагомедов, некогашниот светски првак и мега ѕвездата во УФЦ, одлучи дека му е доста од пензија, но и тоа дека ќе игра фудбал, место да биде во октагонот.
Па така тој потпиша договор со Легион Динамо, тим кој се натпреварува во третата лига во Русија. Овој клуб е од Махачкала, а по потписот првите луѓе на Легион и се обратија на јавноста…
“Голема битка го чека нашиот клуб, токму затоа ни се потребни големи воини“.
Инаку Хабиб веќе го одработи и првиот тренинг со своите клупски колеги. Тој не криел никогаш дека сонот му е да биде фудбалер. Па, еве шанса за тоа.