среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Почетино: Меси е среќен, а Мбапе е наш и така ќе остане!

Почетино: Меси е среќен, а Мбапе е наш и така ќе остане!

По неколкудневната еуфорија предизвикана од доаѓањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен, денес продолжуваат шпекулациите за евентуалното заминување на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Странските медиуми уште од поодамна пишуваа дека Мбапе не сака да го продолжи договорот со „светците“, но аргентинскиот стратег на клупата на ПСЖ, Маурицио Почетино, потврди дека Французинот нема да го напушти тимот ова лето.

„Дали Мбапе ќе биде наш и по три недели? Какво прашање е тоа? Немам што повеќе да ви кажам од она што го добивте од првиот човек на клубот. Килијан е наш и така ќе биде и во иднина. Јас не сум директор, ниту пак претседател. Јас сум тренер и сакам на располагање да ги имам најдобрите, а Мбапе е еден од нив“, рече Почетино.

Во продолжение Аргентинецот откри дека Меси е среќен во новата средина.

„Не можам да споредам со тоа каков бил пред неколку години. Можам да кажам каков е сега. Го гледам среќен, задоволен и желен за настап. Се надевам дека сите ќе уживаме оваа сезона“, додаде Почетино.

Меси веќе одработи неколку тренинзи со новиот клуб, но засега не е познато дали ќе биде стартер на утрешниот натпревар на ПСЖ против Стразбург.