среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ди Марија го „пецна“ Роналдо: Веројатно сака да се „убие“ што не е во ПСЖ

Ди Марија го „пецна“ Роналдо: Веројатно сака да се „убие“ што не е во ПСЖ

Анхел ди Марија е среќен поради доаѓањето на неговиот сонародник Лионел Меси во редовите на ПСЖ, а покрај тоа, зборуваше и на други актуелни теми и идни планови.

Воедно Аргентинецот не ја пропушти приликата да го „пецне“ и Кристијано Роналдо, кој беше еден од најголемите ривали на Меси во Шпанија.

– Кристијано најверојатно сака да се самоубие бидејќи не е тука. Големината и бројот на играчи што ги има ПСЖ во моментов е нешто уникатно. Се случувало и порано еден клуб да има одлични играчи, но никогаш толку многу од најдобрите на едно место. Роналдо сигурно сакаше да биде тука, но за среќа дојде Меси.

– Лесно ми е да играм со Лео. Доколку се движите напред, тој ја додава топката директно до вашите нозе. Нема оправдувања. Имам одлични односи со него и на теренот и надвор од него. Брзо сфаќате што тој сака. Лео не е од овој свет, размислува однапред, одлично ве наоѓа на теренот, тоа никогаш не сум го видел. Играв со Роналдо, Нејмар, Мбапе, Руни, Ибрахимовиќ, Бензема и ви велам дека никогаш не сум видел такво нешто. Меси е посебен – рече Ди Марија за „TyC Sports“.

Истакна дека Меси подобро ќе се чувствува во Париз отколку во Барселона:

– Верувам дека Меси ќе чувствува повеќе љубов тука отколку во Каталонија. Имаше неверојатно добредојде и виде дека луѓето го сакаат. Ќе ужива во неговите потези на секој натпревар. Негова „вина“ е што сега доаѓаат 200 луѓе на нашите тренинзи. Во Франција луѓето се малку студени, но со фудбалот, работите се различни, има страст и сега со Лео ќе биде уште повозбудливо – додаде Ди Марија.