среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Един Џеко со емотивно писмо се прости од Рома

Един Џеко со емотивно писмо се прости од Рома

Един Џеко по шест години ја напушти Рома и се пресели во Интер. Тој вчера веќе го имаше своето деби во дресот на „нероаѕурите“ каде и беше стрелец на гол во победата над Динамо Киев.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина на емотивен начин се прости со својот поранешен клуб.

„Здраво Рома. По шест години дојде време да се простиме. Овие денови чувствата ми се измешани. Во една рака се радувам на новите предизвици, а од друга страна ми застанува кнедла во грлото кога ќе сфатам што оставам. Знам дека едно обично благодарам не може да биде доволно да ја изразам целата благодарност на навивачите на клубот, на Рома и на вечниот град“, напиша Џеко.